Нешанл Џеографик – Вашингтон
Откако бројот на кратковиди лица во светот значително се зголеми, научниците се обидоа да утврдат поради што се случува тоа.
Во САД преку 40 отсто од жителите носат очила за вид, а проценките покажуваат дека една третина од светското население ќе бидат кратковиди до крајот на деценијата. Миопијата обично може да се лечи со очила, контактни леќи или со операции, но дури и потоа кусогледите луѓе имаат поголем ризик за појава на глаукома, аблација на мрежницата и катаракта.
Зголемениот број на кратковиди лица ги наведе истражувачите да се прашаат која е причината за тоа. Научниците веруваат дека сфатиле поради што случајот станал толку чест: младите луѓе поминуваат предолго време во затворен простор.
Истражувањето во кое учествувале близнаци во 60-те години на минстиот век покажало дека и ДНК влијае на кратковидоста. Меѓутоа, информации од пред 400 години укажуваат на тоа дека гените не се крај на приказната.
Астрономот Јохан Кеплер верувал дека неговиот слаб вид бил предизвикан од тоа што со години долго читал книги. Најновото истражување ја поткрепило теоријата на Кеплер дека растот на миопијата е поврзана со високото образование, посебно во Источна Азија. Во Кина, речиси 90 отсто тинејџери и млади полнолетни лица се кратковиди (во споредба со 10 до 20 отсто од пред 60 години) и не е случајно што просечен 15 годишен тинејџер во Шангај поминува 14 часа неделно пишувајќи домашни задачи.
Минатата година, германските научници утврдиле дека студентите кои повеќе години поминале во училиштата имале поголема стапка на миопија од нивните врсници кои во училниците поминувале помалку време.
Експертите за миопија се уште не се согласуваат во целост околу тоа како точно може да се спречи растечкиот бран на кусогледоста.
Сепак, еден Австралиец откри дека децата можат да одржат здрав вид поминувајќи три часа дневно на светло од 10.000 лукса и повеќе, што е еднакво на количеството на светлина што ја гледа лице со очила за сонце на многу сончев ден.
Во споредба со тоа, добро осветлена училница обично нема повеќе од 500 лукса. Многу истражувачи се согласуваат дека децата кои поминуваат подолго време надвор можат да одржат добар вид подолго време, а покрај тоа од физичката активност не можат да се здебелат и им го поправа расположението.
Истражувањето наведе многу источноазиски земји да почнат кампања поврзана за јавното здравје, со цел децата да се поттикнат да поминуваат подолго време надвор.