Американски научници сметаат дека намалувањето на волуменот на таламусот може да послужи како нов биомаркер за предвидување на појава на мултиплекс склероза.
Истражувачите од Универзитетот Бафало утврдиле дека овој дел од мозокот атрофирал кај околу 43 отсто од пациентите кај кои подоцна е дијагностицирана мултиплекс склерозата.
Стручното списание „Radiology“ пишува дека во светот живеат над два милиони луѓе со мултиплекс склероза.
Мултиплекс склерозата е хронична болест на средниот нервен систем со создавање ограничени жаришта на пропаѓање на нервното ткиво.
Во новото истражување учествувале над 200 испитаници, а покажало дека намалувањето на волуменот на таламусот за време на две години директно е поврзано со дијагноза на мултиплекс склероза.