Скокот на Феликс Баумгартнер повторно одложен

Од:

После неколку одложувања поради неповолните временски околности, денеска требаше да почне историската авантура на Австралијанецот Феликс Баумгартнер.

Во обидот со сопственото тело да го пробие звучниот ѕид и да го урне светскиот рекорд во скок со слободен пад, беше подготвен да скока од линијата на вселената, чекајќи цел ден  во капсулата.

Но во последен момент само неколку минути пред да полета кон небото на висина од 36, 5 километри, авантурата е повторно одложена поради јаките удари на ветерот во Розвел, каде се одвива целиот експеримент.

Скокот беше планиран за вчера, а според најавите новиот обид треба да следи утре доколку се смилува времето.

Целиот тим составен од околу 200 луѓе, веќе пет години работи на проектот, а целта е да се изведе највисокиот скок и да се собори досегашниот рекорд на 52 годишниот Џозеф Китинџер.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата