Жените донесуваат подобри деловни одлуки од мажите

Од:

Иако повеќето мажи би ставиле рака во оган тврдејќи дека жените не можат да се мерат со нив кога се во прашање деловните обврски, резултатите од едно истражување го покажуваат спротивното.

Неодамнешното истражување покажа дека жените во деловните кругови не служат само за позирање, туку освен што можат да им парираат на мажите на највисоките позиции, тие имаат способност и да ги надминат.

Истражувањето, спроведено меѓу 600 директори од двата пола, покажало дека жените се поправедни во одлучувањето, што придонесува за поуспешна работа на компанијата во која се вработени.

Додека мажите на директорските позиции имаат тенденција при важните одлуки да се раководат од правилата и прописите, жените значително помалку се органичуваат и се пофлексибилни. Тие за разлика од мажите сакаат да се потпрат на соработката и договорот.

Крис Барт, професор по стратешки маркетинг на Мек Мастер Универзитетот во Канада, смета дека да се има жени на високи позиции во компаниите повеќе не е работа на правата, туку мудар избор.

Професорот Грегори Меквин додава дека жените имаат склоност да видат повеќе можни решенија, што е особено важно кога треба да се земе предвид мислењето на повеќе страни.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on