Жената која ја силувал Роман Полански издава автобиографија

Од:

Саманта Гејмер, жената која пред 30 години како 13-годишна ја силувал режисерот Роман Полански, ќе ги објави наредниот месец нејзините мемоари, соопшти француската издавачка куќа „Мишел Лафон“.

Книгата под наслов: „Девојка. Живот во сенка на Роман Полански“ ( The Girl. A Life Lived in the Shadow of Roman Polanski) ќе биде издадена во САД на 17. септември, додека во француските книжарници ќе се појави на 3. октомври.

Претставничката на францускиот издавач изјави дека книгата не е „нападот врз Полански“, но додаде дека насловот на француската верзија ќе биде „Јас Саманта, 13 години, силувана од страна на Роман Полански“ (Moi, Samantha, 13 ans, violee par Roman Polanski).

На кориците ќе биде фотографија во боја на Саматна Гејмер која Полански ја направил три недели пред сексуалниот напад. Полански е обвинет дека во 1977 година ја силувал 13-годишната Гејмер во куќата на Џек Николсон. Првобитно се товареше за шест злосторства, вклучувајќи силување и содомија, но подоцна е обвинет само за незаконски сексуален однос.

Полански е пуштен од затвор после 42 дена, нооткако судијата му се заканил дека ќе го прошири обвинението, избегал од САД.

Полански денеска од Интерпол е баран во 188 земји и тој слободно се движи единствено меѓу Франција и Швајцарија.

Гејмер го тужеше Полански во 1988 годна за сексуален напад и нанесување емотивна болка. Тој во 1993 година се согласи да и даде 500.000 долари на име вонсудско порамнување.

Во телевизиското интервју кое го даде во 2010 година, режисерот на „Кинеска четврт“, „Бебето на Розмари“ и „Пијанист“, рече дека „веќе 30 години жали заради тој чин“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата