Со милиони маскирани учесници на улиците на Рио де Жанеиро и повремени критики од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, започна карневалот во Бразил.
Уште од моментот кога десничарскиот претседател Жаир Болсонаро ја презеде функцијата во јануари 2019 година, Бразилците се строго поделени.
Поддржувачите на поранешниот воен капетан го фалат за брзото намалување на насилниот криминал и економското подобрување, додека неговите противници го осудуваат за она што го сметаат за расизам, сексизам и непочитување кон сиромашните, пренесува Ројтерс.
Со еден куп конзервативни сојузници, вклучувајќи го и градоначалникот на Рио, Марсело Кривела, Болсонаро покажа мал интерес за карневалот и повремено го критикуваше однесувањето на учесниците.
Сепак, повеќето учесници се аполитички облечени, почнувајќи од сирени до каубојски костуми, што укажува дека Бразилците се повеќе фокусирани на уживање, отколку на политика.