Популарниот британски пејач Зејн Малик ја претстави својата колекција на облека „Икс Верзус“, која ја дизајнираше во соработка со италијанскиот бренд „Версаче“.
За главно лице на кампањата ја избра Бела Хадид, сестрата на неговата девојка Џиџи.
Колекцијата на Зејн се состои од машка и женска облека, која е спој на атлетиката и рокенролот. Колекцијата најмногу содржи бомбер јакни, куси елечиња и фустани, маици и панталони на врзување.
Фотографиите на Зејн и Бела во тие комбинации на „Икс Верзус“ ги забележа фотографот Грег Харис.
– Никогаш не ни сонував дека еден ден ќе дизајнирам своја колекција за Версаче. И се заблагодарувам на Донатела за соработката, изјави Зејн.
На прашањето зошто неговата девојка Џиџи, една од најплатените манекенки во светот, не позираше за неговата кампања, Зејн одговори дека таа најмногу му помогнала „зад камерите” во дизајнирањето на облеката.
Донатела Версаче пак изјави дека колекцијата на Зејн дефинира се што сакаат денешните генерации и дека преку целата облека ќе биде истакнат неговите карактер и енергија.