Забрзано се зголемува бројот на оние кои се согласуваат да ги „купуваат“ вестите на интернет

Од:

Бројот на луѓето кои се согласуваат да ги купуваат вестите што се нудат за следење и читање на интернет, се повеќе се зголемува, иако мнозинството од корисниците и понатаму се противат да плаќаат за таа услуга, покажува истражувањето што беше направено во Велика Британија.

Процентот на Британците кои си ги купуваат вестите и информациите кои ги добиваат преку интернет мрежата изнесува девет отсто, но тој е двојно поголем само во изминатите десет месеци и забрзано се зголемува. Такви движења се забележуваат и во Франција, Германија и во САД.

Најподготвени за плаќање на читањето од интернет се младите на возраст меѓу 25 и 34 години, како и мажите, во споредба со жените кои се противат на купување на вестите.

Истражувањето што го организираше и го изведе Институтот за новинарски студии на агенцијата Ројтерс, е напраено во девет земји во светот и во него, преку интернет мрежата учествувале 11 илјади луѓе.

Според анализата што е направена, најголемо влијание за зголемената спремност да се плаќа за да се чита на интернет, меѓу Американците, имаат сопстениците на таблети и на смарт мобилните телефони.

Во Велика Британија, засега, се плаќа само за читање на вестите на „Тајмс“ и на неделникот „Сандеј тајмс“, како и на делови од „Фајненшл тајмс“ и „Економист“.

Оваа година, лондонски „Сан“, германскиот таблоид „Билд“, како и американскиот „Вашингтон пост“ најавија дека ќе почнат со наплатување на следењето и читањето на вестите и информациите што тие ги нудат на интернет изданијата.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски