Американската водителка Опра Винфри денеска појасни дека принцот Хари ѝ рекол оти ниту неговата баба, британската кралица Елизабета Втора, ниту нејзиниот сопруг – војводата од Единбург, Филип, не биле тие што го поставиле прашањето за бојата на кожата на синот на Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл завчера гостуваа во Шоуто во Опра, каде што открија подробности за животот во Бакингемската палата. Меган, чија мајка е Афроамериканка, рече дека, додека била бремена и го чекала раѓањето на синot Арчи, некои луѓе од палатата „изразиле загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата“ на бебето кога ќе се роди.
По ова интервју за „Си-би-ес њуз“, Опра изјави дека принцот не ѝ кажал кој зборувал за тоа.
– Тој не ми го откри идентитетот на таа личност, но сакаше да биде сигурен дека знам и ако имам можност – да кажам дека тоа не биле неговата баба или дедо, рече таа.
Опра се обиде да најде одговор и пред камерите и по емисијата, но принцот не рекол ништо повеќе.