За што се користи Интернетот во Македонија најмногу?

Од:

Кога зборуваме за Интернетот, или како што многумина го нарекуваат „медиумот на иднината“, мора да се спомене дека неговата примена од  страна на младите ги надмина сите други медиуми.  Ова е резултат на различните информации и опции што Интернетот како медиум им ги нуди на корисниците.

Според анкетата спроведена меѓу лица чија старосна граница е од 17  до 28 години, на прашањето за што најмногу го користат Интернетот, најголем број од анкетираните одговориле дека  го користат за пристап до социјалните мрежи и тоа: 93% најмногу го користат за Фејсбук (Facebook), 16%  од испитаниците најмногу го користат за Твитер  (Тwitter), а дури 31 процент од испитаниците се изјасниле дека најмногу ја користат Интернет-алатката Инстаграм (Instagram)  и покрај тоа што оваа алатка е релативно нова за Република Македонија. Само 1% од анкетираните се изјаснија дека не ги користат социјалните мрежи.

11% од анкетираните се изјаснија дека покрај социјалните мрежи,  Интернетот  како медиум го користат и за пристап до  компјутерските игри, информативните портали и материјали од секоја сфера на животот.

На прашањето колку време поминуваат на социјалните мрежи, 20% од младите се изјасниле дека поминуваат повеќе од 2 часа, 23 % повеќе од 3 часа, 10% над 4 часа, а дури 6 % се изјасниле дека поминуваат подолго од 6 часа на социјалните мрежи.

Постои голема разлика во однос на тоа колку  часа  во текот на денот млади поминуваат во читање на  книги и колку време минуваат на социјалните мрежи.  6%  од испитаниците  признаа дека не посветуваат ниту еден час во текот денот за читање нкниги, 18% посветуваат  помалку од 2 часа, 6% читаат повеќе од 4 часа во текот на денот, а другите 70% читаат книги  помалку од 1 час во текот на денот.

Според онлајн-анкетата, спроведена од страна на alexa.mk, ваквите резултати се пресликуваат и на целокупната територија на Република Македонија.

Според испитувањата на alexa.mk, најпосетувани Интернет-страници во Македонија се: социјалната мрежа Фејсбук, која води пред дргуите, потоа пребарувачот Гугл и Јутјуб.

Нашите истражувања се совпаѓаат со оние на alexa.mk и во однос на прашањето што  покрај социјалните мрежи најмногу им го привлекува вниманието на младите додека сурфаат на Интернет. Анкетите  покажаа дека информативните портали се втори во  низата најинтересни за младите.

Според психологот Линдита Ахмети, генерално, сите медиумите играат многу важна улога во создавањето и во развивањето на личноста, како и во градењето на односите со другите единки во општеството.

„Психологијата многу добро го познава ваквиот феномен, зашто психолозите навлегуваат длабоко во социо-психолошките аспекти на младите и проблемите што произлегуваат од нив. Феноменот на зависноста од социјалните мрежи е негативна појава на современото живеење. Прекумерно поминатото време на Интернет доведува до нарушување на биоритамот на младите, односно ноќта ја претвораат во ден, а денот во ноќ. Стануваат пасивни и незаинтересирани за околината и не преземаат одговорност за сопствените постапки и не внимаваат на односите во семејството. Овие луѓе ги злоупотребуваат социјалните мрежи и Интернетот. Ова важи и за оние што  дел од  работното време поминуваат на социјалните мрежи, стануваат неодговорни и пасивни во работата. Амбициозноста кај младите луѓе е на сè пониско ниво, бидејќи најголемиот број од информациите штп им се потребни за едно научно истражување, ги преземаат од Интернет“, додава Ахмети.

Според научниците од целиот свет, кои се занимаваат со овој феномен,  прекумерната употребата на Интернетот и социјалните мрежи е опасна за оние млади што не знаат да ги филтрираат информациите што доаѓаат до нив. За тие што „знаат“ како правилно да го  употребуваат Интернетот, тој е медиум преку кој можат да остварат добра  комуникација и да се дојде до нови информации, овозможува да ги презентираме своите вештини и креативност пред поголем аудиториум итн. Но, голем е бројот  и на оние содржини што имаат негативно влијание врз младите, како што се порнографските материјали до кои лесно се стигнува на Интернет, пораки што повикуваат на насилство, стереотипи што се фаворизираат во одредени содржини, кои можат да се најдат на Интернет, што создава сериозни психо-социјални проблеми кај младите.

(Анкетата е направена со ученици од СОУ “Дрита” – Кичево и со студенти од ДУТ – дисперзиран во Кичево, Филолошки Факултет.)

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска