За што се допишуваа НАСА и седумгодишното момче?

Од:

Кога ќе пораснам ќе бидам астронаут. Мислата го водеше седумгодишниот Британец Декстер Волтерс, која сосема сериозно ја сфатија во НАСА.

Еден од најголемите соништа на ова момче е патот кон Марс – во еден правец. Поради тоа одлучил да ја праша НАСА – како се станува астронаут.

– Слушнав дека испраќате двајца луѓе на Марс и би сакал да им се придружам, но имам седум години, па не можам. Сепак, сакам тоа да го сторам во иднина. Што треба да направам за да станам астронаут, праша ги момчето експертите од НАСА. Оттаму, набрзо пристигна одговор, исто така во облик на писмо.

– Ние од НАСА сакаме да знаеш дека твоите мисли и идеи се исклучително важни за идните вселенски истражувања и се надеваме дека ќе продолжиш да ги проучуваш нашите вселенски програми, мисии и достигнувања.

Само замисли – за неколку години и ти можеш да бидеш еден од пионерите кој ќе ни помогне во подоброто разбирање на нашата планета и истражување на вселената, му одговорија од НАСА на седумгодишниот Декстер Волтерс, иден астронаут.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега