Сега можете да го менувате статусот на WhatsApp според вашето моментално расположение.
На него можете да ставите фотографии и видео снимки и да го претворите во еден вид на Snapchat, или да го направите сличен на Фејсбук.
Апликацијата за „Чет“ има нова верзија за Андроид и iOS, каде овозможува текстуално ажурирање на системот (со линкови, ако сакате) кои зад себе имаат шарена позадина, исто како на Фејсбук.
Како и до сега, можете да контролирате кој го гледа вашиот статус и да дознаете кој го видел кликнувајќи на иконата на дното на екранот. Исто така, можете да одговорите на статусите ако немате идеја како да почнете разговор со контактот.
Според извештајот на 9to5mac, веќе сега можете да создавате шарени статуси на iOS и на Андроид.
За жал, ќе можете да ги видите само преку веб.