Неонски супер-дрвја го красат брегот на модерниот Сингапур, и тешко е да се одлучи дали е поубав погледот кон градот или погледот кон градината.
Супер-дрвјата се дел од градината крај брегот на Сингапур која е дизјанирана за да го надомести недостатокот на природа. Бидејќи е потребно долго време за вистинските дрвја да растат, на надлежните им падна на памет да создадат „шума“ со овие крајно необични „дрвја“.
На овој начин, создаден е парк во кој уживаат и туристите и локалното население.
Она што е интересно покрај супер-дрвјата е дека паркот постои на неколку нивоа.
На дното на „дрвјата“ има парк, но необичен е паркот чии патеки минуваат под „крошна“. Ова им овозможува на посетителите да уживаат во прекрасен поглед на градот осветлен со неонски светла.
Само дрвјата се украсени со вештачки гранки, кои во согласност со градот осветлуваат, па затоа кога не шетате низ „шумата“ најдобро е да уживате од далечина во оваа модерна супер шума.