Вог повторно вети дека нема да соработува со девојки помлади од 16 години

Од:

Уредниците на меѓународното издание на Вог, иако прво ветија па потоа го прекришија своето ветување, повторно се обврзаа дека нема да соработуваат со модели помлади од 16 години. Списанието донесе уште неколку нови правила, меѓу кои и тоа дека ако млада манекенка сака да соработува со магазинот, нејзината модна агенција ќе мора со документ да ја потврди нејзината возраст.

Овие нови, строги правила се резултат на неколкуте грешки, прво она на кинеското издание на списанието, кое соработуваше со 15 годишната Ондрија Хардин,а веднаш потоа следуваше и “грешката“ на јапонскиот едиторијал кој го прекрши ветувањето и ја ангажираше 14 годишна бразилска манекенка Таирини Гарсија.

По јавните осуди и критики се огласи и уредничката на кинскиот Вог, Анџелика Ченг, објаснувајќи дека снимањето со младиот модел е договорено пред донесувањето на инцијативата. “Навистина ни е жал за се што се случи и што не стигнавме на време да реагираме. Ова е наша грешка и ќе се погрижиме вакво нешто повеќе да не се случи“

За среќа, јапонскиот едиторијал, успеа на време да ги симне фотографиите со брзилскиот модел, со што беше избегнат уште поголем скандал.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска