ВИДЕО: Целосно затемнувањето на Сонцето во САД

Од:

Денеска во САД може да се гледа целосно затемнување на Сонцето, настан што се случува за прв пат после 99 години на таа територија.

Оваа појава предизвика огромен интерес бидејќи денешното целосно сончево затемнување е прво над САД во 21. век и прво уште од 1991 година. Претходното можело да се набљудува само од Хаваите. Над континенталните држави целосно затемнување немало во последните 38 години, но и тогаш било само над северозападниот дел од земјата. Целосно затемнување, кое минува над целата држава, е многу ретка појава и последен пат се случило на 8 јуни 1918 година.

Линколн Бич во Орегон ќе биде првиот континентален американски град, каде ќе може да се види целосното затемнување во 10,16 часот по локално време (17,16 часот по Гринич). Сенката ќе премине преку 14 држави, а нејзината широчина ќе изнесува околу 113 километри. Најдолгото целосно сончево затемнување ќе се забележи околу Карбендејл, Илиноис и ќе трае две минути и 40 секунди, соопшти НАСА.

Оваа несекојдневна појава ќе заврши во 14,48 часот по локално време (18,48 часот по Гринич) над Чарлстон во Јужна Каролина.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас