Во Велес се одржа манифестацијата „Сладоледијада 2014“

Од:

Во организација на Здружението на жени за мултикултурна активност „Креација 2009“, спонзорирано од Фирмата за слодолед „Милина“ од Прилеп  и со подршка на општина Велес денеска на градскиот базен „Снупи“ во Велес се одржа осмата по ред „Сладоледијада 2014“.

На манифестацијата за креации од сладолед учествуваа шест жени заедно со своите помошнички, а ревијално и ученици од ООУ „Јордан Х.К.-Џинот“ и ООУ „Блаже Конески“.

Жири комисијата одлучи првото место да и припадне на Билјана Деловска за креацијата ергенска вечер на која со сладолед беше прикажана женска штикла, второто место за замок од сладолед и припадна на Валентина Китановска Мирова,а третото место за овошна салата со сладолед на Грозданка Павлова, сите од Велес.

Како што ни изјави за МИА Рајна Стојанова претседател на Здружението, целта на манифестацијата е да се популаризира сладоледот како летен десерт:

– Целта на манифестацијата е да дојде до израз креацијата на жените при послужување на десертите со сладолед и воедно да се дружат, како ифирмите производувачи на сладолед да ги промовираат своите производи, рече Стојанова.

Таа посочи дека трите ппласирани добија награди и сладолед, а првонаградената освен 6 литри сладолед доби и одмор на Златибор.

– Тоа е потик догодина на манифестацијата  да ни се приклучат што повеќе жени и девојки од градот, потенцира Стојанова.

Присутните на Сладоледијадата 2014  ги забавуваше популарната  велешката група Тринити Бенд.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов