Во Ријад се продаваат божиќни украси

Од:

Во продавници низ Ријад, престолнината на Саудиска Арабија, се продаваат божиќни елки и божиќни украси, и ова се смета за знак на развој во оваа ултра-конзервативна земја, која се уште забранува каква било религиозна пракса за немуслиманите.

Украсите, што многу ретко се продаваа во јавноста, се појавија во главниот град на Саудиска Арабија, каде постепено почнаа да се намалуваат некои ограничувања откако престолонаследникот Мохамед бин Салман вети дека ќе промовира „отворен и умерен ислам“.

До пред само три години беше речиси незамисливо во Саудиска Арабија отворено да се продаваат новогодишни украси со облеката на Дедо Мраз. Меѓутоа, оттогаш властите ги намалија надлежностите на верскиот естаблишмент, кој е силно посветен на почитување на исламската традиција.

Продажбата на божиќните подароци со децении наназад главно одеше „под тезга“, а христијаните во Филипини, Либан и другите земји Божиќ го славеа зад затворени врати или во енклавите на емигрантите.

Но, во сегашната нова ера, Омар, сопственик на продавница од Ријад, објаснува дека тој веќе продавал и костуми за Ноќта на вештерките, празник што саудиските конзервативци го сметаат исклучиво за американска традиција која отстапува од исламот.

Саудиска Арабија, која долго време беше обвинувана за ултраконзервативна вахабитска сунитска доктрина, полека се отвора кон другите религии. Во оваа земја се почесто почнаа да доаѓаат луѓе кои се поврзани со Ватикан или јудаизмот.

Меѓутоа, храмовите и црквите се уште се забранети, а земјата се наоѓа на американската црна листа на држави во кои не почитува верската слобода. Саудиска Арабија, исто така, е цел на критики од меѓународната заедница за почитувањето на човековите права.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар