Во Прилеп се одржува 13 меѓународен карневал „Прочка 2013“

Од:

Млади и стари „прочкари“ уште од изутрина според традицијата маскирани се веќе на улиците.

Групните и поединечни маски од рано изутрината се подготвуваат за големото дефиле напладне во рамки на 13 меѓународен карневал „Прочка 2013“. Голем број гости од земјава и странство се во Прилеп да ги видат маскираните и познатите прилепски мечкари. Мечкарите, заедно со гостите од Воден Грција уште од зори го подготвуваат изненадувањето – заедничката маска.

Според организаторите, локалната самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“ денеска се очекуваат околу 3.000 маскирани лица. Парадата ќе се одржи на булеварот „Гоце Делчев“, а стручна жири-комисија ќе ги оценува и ќе ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски.

Најавени се гости од сите карневалски градови од земјава и од Корча-Албанија, Шабац, Лесковац, Нови Сад, Врњачка Бања, Бања Ковиљача сите од Србија, четири групи од Хрватска од кои две се од Брач и по една од Лудбрег и Риека, од Разлог-Бугарија, за прв пат учество ќе земат и групи од Птуј-Словенија и од Воден-Грција.

Во текот на вчерашниот ден парадираа мажоретките, жонглерите, пантомимичарите. Синоќа беше весело во кафулињата и во рестораните, а уште повесело ќе биде вечер на заедничката карневалска забава во градот.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски