Во Пјонгјанг 1. Мај одбележан со масовен танц на плоштадот Ким Ил Сунг

Од:

Прославата на 1. Мај во Северна Кореја беше поинаква од другите во светот. По традиционалниот пикник во околината на главниот град Пјонгјанг, вечерта на централниот плоштад десетици илјади млади Севернокорејци „спонтано’’ организираа масовен танц кој, според локалните медиуми, ги одушевил и повеќе илјади странски туристи.

Девојките биле облечени во традиционална корејска носија, а партнерите во темни пантолони и бели кошули. На крајот на получасовниот танц во играта се вклучиле и странските туристи.

Првпат годинава првомајските празници во Северна Кореја се славеа само еден ден, зашто денешниов е работен. Дента, на излетничките места семејствата и пријателите организираа прослава со скара и пиво, а постарите членови на семејствата ги канеа и странските туристи да им се придружат, инсистирајќи тие да прават и што подолги видео снимки од забавата,

Во прилично долгите извештај за прославата локалните медиуми нагласуваат дека покрај туристи од Кина, годинава имало и околу илјада туристи од Европа, па и од САД. Еден од нив изјави дека не очекувал вакво добредојде во Пјонгјанг, иако знаел дека во Северна Кореја вакви колоритни манифестации се познати во светот.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он