Во Перу 1.459 лица носат имиња од серијалот „Војна на ѕвездите“

Од:

Според податоците на Матичната служба на Перу во оваа латиноамериканска држава живеат 1.459 лица чии имиња се инспирирани од ликовите на популадниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“.

Меѓу нив, најпопулрмо име е Леа, како што се вика принцезата чиј лик го толкуваше покојната актерка Кери Фишер. Вкупно 533 Перуанки го носат името Леа, објави перуанскиот Државен регистер на матичната служба по повод 40-годишнината од премиерата на првиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ во 1977 година.

Веднаш по Леа, следува името Хан, според ликот Хан Соло, кого до седмото продолжени го толкуваше Харисон Форд. Ова име го носат вкупно 365 Перуанци.

По него следуваат 210 Орсони, крстени „во чест“ на Орсон Калан Креник, а потоа и 198 лица со име Лук, кои биле именувани по џедајот Лук Скајвокер.

Перуанците не го заборавиле ниту робот Ар-Ту (Р2), па така 20 лица се крстени Арту, а има и еден Оби-Ван Кеноби.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Џоди Фостер одбила улога во „Војна на ѕвездите“, а сега ги откри и причините

А1он

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу