Во мај финале на Шампионатот на видео игри на Југоисточна Европа во Букурешт

Од:

Од 8 до 10 мај во саемскиот комплекс „Ромекспо“ во Букурешт ќе се одржи финалето на Шампионатот на видео игри на Југоисточна Европа, на кое ќе учествуваат и претставници од Македонија, јави романската агенција Аџерпрес.

Според најавите, покрај од Македонија и домаќинот Романија, во финалето на Шампионатот ќе учествуваат и „гејмери“ од уште 12 земји од регионот на Југоисточна и Источна Европа и тоа од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Малта, Молдавија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Учесниците во финалето ќе се натпреваруваат во три популарни видео игри – „Counter-Strike: Global Offensive“, „Hearthstone“ и „League of Legends“. Победниците во финалето ќе добијат награда од 5.000 евра.

Како специјални гости на Шампионатот се најавни холивудските актери Ману Бенет од „Спартак“, Роберт Кнепер од „Бегство од затворот“, Осрик Чау од „Надприродно“, Ден Старки од „Др. Ху“ и Кристијан Неирн од „Игра на престолите“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

Нетфликс ќе се насочи кон вложување во видеоигри

Жарко Настоски

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска