Минијатурни се, ги има милиони и еден музејски куратор рече дека неодоволно се претставени.
Џек Ешби, кој управува со „Грантовиот музеј на зоологија“ на Универзитетскиот колеџ во Лондон (УЦЛ), изјави дека се обидува да го обезбеди заслуженото внимание за нимфата вилинско коњче, грини-желки и морски пајаци.
Поради тоа, тој отвори „Микрариум“, посветен на некои од најситните претставници на животинското царство.
Ешби вели дека „Микрариум“ е сместен во поранешиот магацин на Музејот, прикажува слајдови на 2.323 мини-чудовишта – од бубачки-желки до минијатурни октоподи. Многу од тие слајдови се користени како студиски помагала на британската зоологија и студиите по анатомија, а некои датираат од средината на 19 век.
Ешби вели дека „Микрариумот“ е отворен за сите, бесплатно. Но не можат сите одеднаш внатре, затоа што просторијата е – исто така многу мала.