На едно градилиште во Кина се откриени мистериозни пирамиди, за кои археолозите претпоставуваат дека претставувале гробници.
За разлика од градиозните египетските, овие пирамиди се високи не повеќе од два метри. Пирамидите биле сместени во подземна просторија со површина 30 на осум метри, близу градот Џенгџу.
Археолозите сметаат дека овие пирамиди потекнуваат од периодот на династијата Хан, која владеела од 220 до 206 година пред новата ера.
Откриените пирамиди се наоѓале под едно село кое било урнато до темел за потребите на голем градежен проект.