Во Гевгелија почнува детскиот фестивал „Калинка“

Од:

Под покровителство на Општина Гевгелија од денеска до 17 октомври ќе се одржи јубилејниот 20. по ред фестивал за детски песни „Калинка“.

На фестивалот што ќе се одржи во Гевгелија, ќе бидат изведени 14 нови песни за деца од реномирани автори што ќе ги пејат деца од Македонија, Србија и Бугарија. Песните во кои ќе се пее за првата љубов и сите работи што го прават детството најубавиот дел од животот на еден човек,од денеска на пладне до петок ќе се исполнуваат за учениците и дечињата од градинките во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Организаторите информираа дека финалниот концерт во кој песните ќе конкурираат за престижните награди на јубилејниот фестивал, ќе се одржи во сабота на 17. октомври со почеток во 20 часот во салата на Народниот театар во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on