Во Британија одобрено зачнување на бебе со три различни ДНК

Од:

Британскиот Парламент денеска одобри зачнување на бебе со три различни ДНК, со цел да се избегне наследувањето на некои сериозни болести.

„За“ одлуката гласаа 382 пратеници во Долниот дом на Парламентот, а 128 беа „против“. За да стапи во сила решението на седница закажана за 23 февруари треба да го одбри и горниот Дом на лордовите.

Меѓутоа, гласањето во Домот на лородвите е чиста формалност, по што Велика Британија ќе стане прва земја во светот што одобрува ваква медицинска постапка.

Постапката предвидува комбинација на ДНК од две жени и еден маж.

За користење на оваа метода, сите заинтересирани идни мајки ќе треба да добијат одобрение од британската служба за биоетика.

Првите бебења зачнати со тројна ДНК би можеле да бидат родени најрано во есената 2016 година.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он