Во Битола презентирани ВЕБ-портали со можности за нови бизниси

Од:

Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработка со министерствата за економија и за информатичко општество и администрација, како и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, со поддршка од проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, денеска во Битола одржа презентација на три ВЕБ портали кои на компаниите им нудат информации за нови бизниси и учество во креирањето на економските политики.
На промотивниот настан во Битола беа претставени порталите Конкурентност.МК, Единствен национален електронски регистар на прописи-ЕНЕР и ВЕБ портал за извозници.

– Станува збор за решенија кои на бизнисмените ќе им ги решат проблемите што подолг период се провлекуваат или три клучни прашања – нивно инволвирање во процесот на креирање економски политики како активен фактор во креирањето на политики, нивна консултација и информирање за мерките што Владата и донаторските организации ги нудат, и трето-извозно ориентираните компании по електронски пат ќе добијат можност директно и транспарентно да комуницираат со странските партнери, истакна Горан Лазаревски, претставник на Националниот совет за претприемништво и конкуретност на Република Македонија.

Веб порталот КонкурентностМК е за информирање на деловните субјекти за мерките за поддршка на конкурентноста, ВЕБ порталот за извозници ќе овозможи промоција на извозот, додека ЕНЕР е портал кој овозможува вклучување на бизнис секторот во креирање на подобри закони во Република Македонија.

Регистрацијата на сите заинтересирани компании за користење на трите ВЕБ портали ќе биде бесплатна, информираат од Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија, кој втората средба за промоција на ВЕБ порталите ќе ја одржи на 11. април во Тетово, а на 12 април и во Штип.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски