Во беровско Ратево започна карневалот „Бамбурци“

Од:

Во раните утрински часови  по сокаците на беровското село Ратево започна  овогодишното издание на традиционалниот карневал „Бамбурци“.

Карневалската церемонија  започна со довикување на  учесниците и нивно облекување  со маски,  изработени од кожа и опашани со појаси наредени со клапки, звонци и прапорци. Тие гостите и намерниците што доаѓаат во селото ги пречекуваат со зборовите „Добре дошли у Ратево на Бамбурци„ при што им ги црнат лицата со саѓи.

На денешниот карневал во Ратево, е најавено учество на повеќе групни маски од Малешевијата и Пијанец, како и од  Тиквешко, Струмичко и Прилепско.

Во ревијалниот и во натпреварувачкиот дел  на годинашново издание на „Бамбурци„  со групни маски ќе  се претстават и  гостински екипи од соседните Републики Србија и Бугарија, со што  ратевскиот карневал добива интернационален карактер. Групи за учество на карневалот се пријавени од Лесковац, Шабац и Нови Сад од Србија и од Благоевград, Перник и село Микрево од Бугарија.

Напладне сите учесници ќе се соберат на селскиот мегдан,каде ќе бидат прогласени добитниците на наградите, по што е предвидена богата културно-уметничка програма и заедничка јованденска трпеза.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски