Пред Собранието на градот Белград вчера се одржа колективна венчавка, а судбоносното „да“ го изговориле 110 младенци.
Младенците се венчаа пред бројни, роднини, пријатели, но и граѓани кои дојдоа да ја проследат традиционалната манифестација, што се одржува веќе 18 години во Белград.
Венчавката се одржа со народна музика, а младенците во свечени костуми и раскошни венчаници прошетаа по централните белградски улици до Скадарлија.
Колективната венчавка е бесплатна за сите брачни двојки. Досега во српската престолнина колективно се венчале над 3.000 двојки од првата манифестација во време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година.