Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот

Од:

Во Локерен, источна Фландрија, е отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот, објави белгискиот портал „Фокус“.

Белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Бери Калебо отвори центар наречен „Чоколадна кутија“ – висока 41 метар, којашто зафаќа површина од повеќе од 10 фудбалски игралишта. Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од двете фабрики на „Калебо“, кои произведуваат околу 500.000 тони чоколадо. Просториите имаат постојана температура од 18 Целзиусови степени.

Со овој проект, којшто чинеше околу 100 милиони евра, производителот гарантира подобра понуда за странските клиенти, додава белгискиот портал.

Белгиското чоколадо важи за висококвалитетно чоколадо. „Пралините“, на пр. како чоколадни бонбончиња биле измислени 1912 година од Белгиецот Жан Нојхаус (1877 – 1953). Во Белгија има и музеј посветен на тој светски познат деликатес.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

Какаото најскапо во последните речиси половина век: Ќе се зголеми и цената на чоколадото

ВИДЕО: Урнебесна реакција на бебе кое првпат пробува чоколадо

Жарко Настоски

Занимливости околу историјата на чоколадото

Ана Ололовска

Швајцарски град беше прекриен со чоколаден прав поради дефект во фабрика за чоколади

Горјан Грнчаровски

Јадењето чоколада три пати неделно го намалува ризикот од срцев удар

Наум Локоски