„Вкусот на Скопје“ во сериско производство

Од:

Во периодот од 15 до 22 април, во просториите на Јавна Соба, македонските дизајнери заедно со Саша Ланој и Кристел Хофманс, го детектираа Вкусот на Скопје, каде сопствената инспирација ја преточија во ултра кративно естетско решение кое се аплицираше на готови и полу-готови производи кои се на прагот од прототипови прераснат во сериско производство.

Изложбата “Вкусот на Скопје“, организирана под ведро небо на терасата но ресторанот Барбакан, на многу необичен начин од она што сме вообичаено навикнати да гледаме, предизвика огромен интерес кај скопската публика.

vkusot (3)

Денеска на првичната изложба на пртотипови пред пошироката јавност изложени се многу поинакви, модели на престилки за готвење, платнени торби, лажици за готвење, чаршафи, крпи, перничиња итн, каде што додадената вредност на самиот дизајн е многу јасно воочлива. Тоа беше и целта на оваа работилница да се отворат чакрите кај младите дизајнери и да се стимулира проиводство на наш домашен производ базиран на автохтон македонски дизајн. Дизајнерите а и публиката увидоа дека со аплицирање на графичкиот дизајн на овие производи, визуелно и естетски се создава принципот на додадена вредност која од еден прост и обичен производ прави производ кој секој од нас сака да го купи.

vkusot (2)

Изразот на секој дизјанер различен, иако се работеше на една доста атрактивна тема – Вкусот на Скопје, па оттаму и е створена оваа палета од 65 најразлични помагала и акцесоари за во кујна. Секој од нив на свој начин комуницира со одредени категории на луѓе: жители на Македонија, странци, помлада и постара генерација.

Организаторите изјавија дека: “Ова е еден мал чекор за група од 10 дизајнери, но е многу голем поттик за македонската дизајн сцена”, изјавува Велиновски.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска