Во екот на сезоната на комарци на јужноамериканскиот континент милиони туристи, веројатно без заштитна облека, ќе дојдат во бразилските крајбрежни градови.
Тамошните стручњаци предупредуваат дека годинешниот Карневал може да го забрза пренесувањето на вирусот зика, што се пренесува со убод од комарец и доведува до вродени деформитети кај бебињата.
Навистина има мали шанси поголемиот број од посетиители да носат заштитна облека на плажите или на Карневалот, што ги прави погодни за убоди од инсекти.