Вирусот „Биткоин“ се шири преку Скајп

Од:

Тројански вирус, кој може да го зарази компјутерот и да го натера без знаење на сопственикот да тргне во заработка на виртуелните пари под името биткоин, се шири преку Скајп, предупредуваат компаниите за интернет заштита.

Експерти на руската компанија „Касперски“ соопштија дека напаѓачите испраќаат пораки на различни јазици со содржина „ова ми е твоја омилена фотографија“ (this my favorite picture of you) во која се наоѓа и злонамерен линк, на кој се пристапува и до 2.000 пати на час.

Целата акција се објаснува со големиот раст на виртуелната монета биткоин, која може да се користи за плаќање наместо пари, кои во промет ги пуштаат и контролираат централните банки или владите на земјите.

Според тврдењето на веб страницата МТ Gox, која ја следи вредноста на овие виртуелни пари, моменталната вредност на еден биткоин изнесува 186 американски долари.

Корисниците можат да се стекнат со овие виртуелни пари преку награди кога на интернет ќе решат некаков комплициран математички проблем, а се повеќе поединци и компании се согласуваат нивните услуги и стоки да се плаќаат со оваа монета.

– Најголем број од потенцијално загрозените жртви на овој вирус живеат во Италија, Русија, полска, Костарика, Шпанија, германија, Укарина, како и во другите земји. Оригиналниот напад започна од северниот дел на Индија, но еднаш инсталиран тој испраќа информации назад во контролниот центар што се наоѓа во Германија, истакнува Дмитри Бестузев од компанијата „Касперски“.

Вирусот е способен да извршува многу задачи, но преземањето на компјутерите и нивно присилување на „рударат“ по виртуелните пари, е негова главна задача.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски