Ново истражување на американски научници тврди дека вирус сличен на ХИВ се појавил пред околу 5-12 милиони години кај мајмуните во Африка.
Истражувачите од универзитетот Вашингтон и „Фред Хатчинсон канцер рисрч центар“ (Fred Hutchinson Cancer Research Center) тврдат дека нивната анализа на генетските „потписи“ на вирусот сличен на ХИВ ќе доведе до подобро разбирање на ХИВ-вирусот и на СИДА-та.
Стручното списание „ПЛОС патогенс“ (PLOS Pathogens ) пишува дека пред одредување на староста на вирусот клучни биле промените на генот поврзани со функцијата на имунолошкиот состав на мајмуните.
Се проценува дека денес во светот со ХИВ-вирусот се заразени 34 милиони луѓе.