Виетнамска поп ѕвезда влезе во конфликт со комунистичката држава

Од:

ДПА – Хамбург

Наречена „виетнамската Лејди Гага“, поп ѕвездата Мај Кхој ја заложи својата кариера и слобода предизвикувајќи ги општествените норми во нејзината конзервативна татковина

Нејзиниот последен албум „Со белези на слобода“ кој е планиран да излезе до крајот на годинава, содржи продемократска порака во земјата каде во пракса е забрането да има опозиција против комунистичката држава.

Уште откако ја започна својата ризична кариера на поп ѕвезда која го иsмева конзервативниот пат на земјата кон сексуалноста, „виетнамската Лејди Гага“ во последно време го предизвикува авторитаризмот во Виетнам.

– Не сум против власта. Просто сакам да покажам што треба да се направи и што сакаат граѓаните од неа, рече Кхој за ДПА.

На почетокот на годината, Кхој се самономинираше за независен кандидат за пратеник за Националното собрание (парламентот), стремејќи се кон директна конфронтација со политичката елита во земјата.

Таа брзо беше дисквалификувана – номинациите биле наменети само за приврзениците на виетнамската Комунистичка партија – но не и пред отворено да се истакне како критичар на режимот.

Казната не доцнеше. Кхој исчезна од телевизијата и радиото. На еден од нејзините концерти во Хошимин дојде полиција. Иако има поддршка од 38 илјади следбеници на Фејсбук, никој веќе не ја кани од страв од казнени дејствија на власта.

– Потребна е само една одлука од некој во власта и никој веќе нема да те кани да пееш. Дури и националните медиуми ќе сопрат да зборуваат за тебе, вели Кхој.

Нејзиниот колега музичар Нгок Дај, композитор на современа музика, чиј албум во 2013 година беше официјално забранет од властите заради вулгарност, рече дека Кхој „се осмелува да ја каже вистината“.

-Таа е и сведок и историска личност во земјата. Она кое таа го стори е да донесе за промена на општествените услови и за земјата, нешто кое го сакаат сите луѓе, изјави тој.

Критикувањето на властите во Виетнам може да биде опасно заради законите, кои предвидуваат затвор за ширењето на „противдржавна пропаганда“.

Њујоршката организација Хјуман рајтс воч тврди дека во виетнамските затвори во моментов има најмалку 130 затвореници на совеста, иако режимот негира дека држи политички затвореници.

Кхој ја занемарува опасноста да биде затворена.

– Не можат да ме уапсат. Не ми е страв, вели таа.

Активната позиција на Кхој привлече почитувачи и во странство. Американскиот претседател Барак Обама се сретна со музичарката за време на неговата посета на Ханој минатиот мај. Кхој рече дека побарала од него да продолжи со притисокот врз виетнамското раководство за спроведе демократски реформи.

И иако рече дека го почитува Обама, истовремено испрати критики на негова адреса изјавувајќи дека не направил ништо за подобрување на човековите права во Виетнам.

– Виетнамскиот народ се восхитува на вашата личност, господине претседател, но се уште не е доволно тоа што сте го направиле за нашата земја. Ова ви е последната шанса, му кажала на Обама за време на нивната средба.

Кхој во последно време пее само на нелегални настани, кои вообичаено ги посетуваат странски дипломати и активисти на локалната граѓанска заедница, пред дискретен аудиториум во Ханој, и далеку од љубопитните погледи.

Минатиот месец таа ја посети Германија за да се сретне со претставници на тамошната виетнамска дијаспора која мисли како неа. „Виетнамците во странство често ја симпатизираат мојата работа и се интересираат како би можеле да помогнат за промена“, рече Кхој.

Таа не еднаш била исполитизирана. Во основа на патот на славата на Кхој стои нејзинниот избувлив карактер, кој се спротивставува на социјалниот конзервативизам во Виетнам. Во синглот „Селфи оргазам“ од 2014 година, таа ги повикува слушателите „да закачуваат селфи снимки од оргазми на Фејсбук“, а „Сајгон бум-бум“ е ода за безумното практикување секс во најголемиот виетнамски град.

Таа брзо ја придоби поддршката од критиката. Најголемиот телевизиски канал во земјата во 2010 година и ја додели годишната награда за песна и албум на годината.

Кхој ги негира честите споредувања со Лејди Гага.

-За виетнамскиот народ, Лејди Гага е непозната, рече таа додавајќи дека нејзината розова коса и оскудната облека се доволна основа да ги натера луѓето да реагираат.

Во последно време Кхој се интересира повеќе да ги предизвикува виетнамските власти отколку да ги исмева сексуалните права.

Нејзиниот имиџ прилично забележително се измени откако се политизираше. Веќе ги нема светкавите тоалети и претерано сексуалните текстови. Електронските ритмови се заменети со акустична гитара и традиционално виетнамски инструменти.

Јонг Тхан Хгок, 28-годишниот режисер рече дека е восхитувачки да се гледа коренитата трансформација на пејачката.

– Сега таа станува поагресивна со теми од политиката, протести за човекови права, но нејзиниот пат вклучува користење на традиционални инструменти како бамбусова флејта и барабани за создавање на поголема длабочина, вели тој.

Нгуен Чи Туен, 43-годишен блогер дисидент, познат под литературннот псевдоним Ан Чи, вели дека се радува да види виетнамска славна личност да го кажува она кое тој самиот го мисли за општествените прашања.

-Сметам дека она кое таа го прави е величенствено, рече Туен.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски