ВИДЕО: Запознајте го „Супер мечето“ – играчка на иднината

Од:

Британските научници изработиле кадифено мече, кое има одговор на сите детски прашања, говори 30 јазици, пушта музика, сурфа на Интернет.

Ешли Конлан и Карстен Флиџ, истражувачи од Велика Британија, го претставија прототипот на „Супер мечето“, кое навидум е обично кадифено мече, омилена играчка на сите мали деца.

Сепак ова мече е повеќе од играчка, тоа на децата им е вистински другар. Децата не само што ќе можат да си играат со него, туку тоа на децата може да им одговара на прашања, бидејќи има можност да се конектира на Интернет и да побара одговори.

Играчката има роботски нозе и уста синхронизирана со внатрешни звучници. Функционира така што користи специјална апликација, која се презема од мобилен телефон, а која се инсталира во роботскиот систем на играчката. Ќе биде произведено во три модели: за деца, за општа употреба и за возрасни. Неговите пронаоѓачи велат дека „Супер мечето“ ќе биде слично на мечето од филмот „Тед“.

– Успеавме да направиме извонреден прототип, кој веруваме дека ќе го промени начинот на кој децата си играат со играчките и начинот на кој возрасните размислуваат за вештачката интелегенција, изјавија за „Дејли мејл“ Ешли и Карстен.

Мечето зборува на 30 јазици и освен одговарањето на детските прашања, чита приказни и пушта музика. Исто така на оваа играчка може да се подеси аларм, а со текот на времето ова кадифено мече ќе ги научи афинитетите на сопственикот и ќе се адаптира на неговиот вкус.

„Супер мечето“ на пзарот ќе излезе кон крајот на оваа година, а ќе чини 39 фунти (45 евра). Погледнете го видеото и уверете со во неверојатните способности на оваа играчка на иднината.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он