Бразилскиот карневал започна, но со малку намален интензитет за разлика од претходните години, затоа што се одржа миса во чест на жртвите од пожарот, кој изби во ноќниот клуб во Санта Марија, кога загинаа 238 луѓе.
Карневалот во вистинско светло, како што го знаеме низ годините започна откако градоначалникот на Рио, Едуардо Паес му ги предаде клучевите на годинашниот крал, Милтон Родригез кој ја доби улогата на кралот Момо.
Градоачалникот Паес изјави дека карневалот е најголемата прослава во светот и дека така ќе биде и годинава.
За безбедноста на учесниците на најголемата фешта ќе се грижат 14.500 полицајци.