(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Од:

На меѓународната конференција на тема: „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“ што се одржа вчера во Скопје свое изглагање имаа претседателот на партијата на европски социјалисти (ПЕС) Сергеј Станишев, Џакомо Филибек-заменик генерален секретар на ПЕС, Евин Сарач-експерт за избори од Шведска, Мариане Асен-пратеничка од Лабуристичката партија (Норвешка), Лорд Џорџ Фулкс, член на Комитетот за ЕУ и поранешен гувернер на Вестминстерската фондација за демократија, како и други претставници.

Сергеј Станишев во своето обраќање потенцираше дека СДСМ како сестринска партија на ПЕС има решенија за проблемите на граѓаните во својата изборна програма и напомена дека мора да се спроведе прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите.

Лорд Џорџ Фулкс во своето излагање се осврна на тоа дека за да има фер и демократски избори, мора прво да има регулација на медиуми и прочистен список и ако изборите се фер и демократски, СДСМ ќе ја предводи новата влада.

Џакомо Филибек пред присутните зборуваше дека само слободни медиуми и прочистен избирачки список, каде што волјата на граѓаните ќе биде почитувана во целост, се гарант за фер и правични избори.

Евин Сарач се осврна на проблемите со изборниот процес во Македонија и напомена дека изборите мора да се одржат во фер, транспарентно и плуралистичко опкружување за да се добие добра оценка од ЕУ.

Мариан Асен пред присутните зборуваше дека медиумите мора да бидат слободни и достапни за секој политичар и дека непочитувањето на принципот на владеењето на правото е закана за демократијата.

ПЕС ја обединува европската левица и ги претставува социјалдемократските, социјалистичките и лабуристичките партии во Европа.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв