(ВИДЕО) Заев: Со „ГастроМак“ Струмица и Република Македонија добија свое место на светската гастрономска мапа

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вечерва беше гостин на вториот Интернационален гастрономски натпревар – „ГастроМак“, чиј домаќин изминатите неколку денови беше градот Струмица, и на кој учествуваа околу триста натпреварувачи и гости од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Индија, Пакистан, Велика Британија, Русија, Италија, како и од соседните земји Бугарија, Србија, Албанија и Грција.

Манифестацијата „ГастроМак“ беше прилика за запознавање на традициите и културите на другите народи. Овие манифестации и средби, во исто време, се значајни настани за воспоставување нови пријателства за подобри врски со другите народи и традиции.

Претседателот на Владата на РМ истакна дека оваа манифестација ги става Струмица и и Република Македонија на светската гастрономска мапа.

Заблагодарувајќи им се на присутните, а особено на учесниците кои дојдоа од 30-тина земји, премиерот Заев истакна дека само со позитивен дух светот може да биде подобро место за живеење, а дел од него ќе бидат и Струмица и Република Македонија.

Претседателот на владата Заев на финалната вечер на оваа манифестација ја врачи Гран При наградата на најдобриот готвач, а организаторите на „ГастроМак“ на премиерот Заев му врачија симболичен подарок.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска