ВИДЕО: Вилата на Тито „Објект 99“ има тунел за кој знаеле само малкумина

Од:

Вилата Извор или како што ја нарекуваат локалните жители и работниците во Националниот парк Плитвице – „Објект 99“, е сместена далеку од погледите, во зафрлен дел од паркот и во прилично руинирана состојба, која потсетува на некогашниот сјај.

При изградбата, Вилата Извор важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од страна на политички затвореници.

Кодното име на објектот наводно е добиено по 99-те осуденици кои ги поставиле темелите. Додека вилата целосно функционирала, тука доаѓале политичари, пријатели и елитни гости, кои се дружеле и состанувале со Тито.

Понекогаш оделе и на лов. Во салата за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа следело релаксирање со виски и цигари.

Вилата имала и кугларница, сала за билјард, дури и кино сала. Гостите кои престојувале по неколку денови можеле да се сместат во некој од елитните апартмани.

Малкумина знаеле за подземниот тунел, долг 80 метри, кој служел како таен излез при вонредни ситуации.

Раскошот и сјајот на вилата од минатото, денес сосема се исчезнати.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска