По повредата што ја заработи за време на снимањето на шестото продолжение на „Невозможна мисија“ во август минатата година, Том Круз повторно се врати во форма и продолжи со изведување на опасните сцени.
Актерот сега скокна од катедралата Свети Павле во Лондон, која е висока повеќе од 150 метри.
Круз е познат по тоа што често сам ги изведува каскадерските сцени.