Британските научници го забележаа моментот кога смртта се шири во телото, при што наликува на бран со големина на црв.
Тие забележале дека смртта се шири од клетка до клетка во флуоросцентно сина боја, се додека целиот организам не биде мртов.
Истражувачите од (Wellcome Trust and the Biotehnology and Biological Sciences Research Council) ББСРЦ во Велика Британија веруваат дека ова истражување може да биде корисен модел за разбирање на тоа како настапува смртта кај луѓето и оти на крајот ќе успеат да го зголемат траењето на животот.
Кога одредени клетки ќе умрат, тие покренуваат верижна хемиска реакција за разложување на компонентите на клетките и изградба на молекуларни брани.
Тие механизми се добро познати на ниво на клетките, но досега научниците знаеjа мошне малку за тоа како смртта се шири во организмот.
„Црвот на смртта“ може лесно да се види под мокрископ и тој наликува на бран од флуоросцентно сина боја, кој патува низ внатрешноста на телото.
Во студијата објавена во списанието PLoS Biology докажано е дека флуоросцентната боја потекнува од некрозата на клетките.
– Препознавме хемиски пат на самоуништување на клетките. Тоа е всушност „син косач“, кој постепено го гасне целиот организам, изјави професорот Дејвид Џејмс од Инстиутот за здравје и стареење на Универзитетот во Лондон.
– Кога ќе му го блокираме патот, можеме да ја одложиме смртта, која настанала од некој надворешен фактор, како инфекција, но не можеме да ја успориме смртта, која е последица на стареењето, додаде тој.