ВИДЕО: Шпански акробат загина на настап пред 35.000 луѓе

Од:

Шпанскиот акробат Педро Аунион Монрој (42) загина при пад на фестивалот „Мед кул“ во Шпанија, непосредно пред настапот на американската панк-рок група „Грин Деј“.

Немилиот настан се случил кога акробатот паднал од кутијата која се наоѓала во воздух на висина од 30 метри.

Она што предизвика жестоки критики на социјалните мрежи е тоа што концертот сепак се одржа.

Едноставно, организаторите на фестивалот не сакале да го откажат концертот, а членовите на бендот не ни знаеле што се случило.

По концертот организаторите изразија жалење за несреќата, нагласувајќи дека не ја прекинале програмата поради безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски