ВИДЕО: Се продаде Џејмс Бонд, наместо мартини ќе пие пиво

Од:

Повеќе од половина век, Агентот 007 кога станува збор за пијалокот имаше само еден избор, мартини протресен но не помешан.  Но дојде ред да се прекине и таа традиција.

И како што најавија, Даниел Крејг филмскиот Џејмс Бонд, традиционалниот пијалок на најславниот агент го замени со шише „Хајнекен“појавувајќи се во најновата реклама на популарниот пијалок.

Новата реклама која воедно го промовира и новиот филм „Skyfall“ е дел од 28 милиони фунти тешкиот договор меѓу познатата франшиза и холандскиот производител на пиво, а 007 мораше да го промени омилениот пијалок наводно и заради финансиските потешкотии на MGM.

„Склопивме договори со бројни компании за да го овозможиме снимањето на филмот“ – изјави Даниел Крејг.

Skyfall во светските кина почнува да се прикажува од 26 октомври.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето