Хрватскиот пејач Петар Грашо денеска во Сплит се ожени за Хана Хуљиќ, ќерката на музичарот Тончи Хуљиќ.
Тие се венчаа во црквата Свети Доминика во Сплит, а прославата ја продолжија во ресторанот Адриатик.
Кума на Хана беше сплитската пејачка Доменица, а кумови на Грашо беа кошаркарот Дино Раѓа и словенечкиот угостител Томаж Кавчиќ.
Парот вечерта пред свадбата организираше прослава за блиските пријатели и семејството.
Грашо претходно беше во долга врска со пејачката Даниела Мартиновиќ.