Саудискиот принц Мохамед Бин Салман денеска го претстави развојниот мегапроект од 500 милијарди евра, кој се однесува на гигантска економска зона, трипати поголема од Кипар.
– Новата економска зона ќе се наоѓа во северозападниот дел на Саудиска Арабија, на Црвеното Море, а некои делови ќе граничат со Јордан и Египет, соопшти саудискиот Фонд за јавни инвестиции.
Принцот посочи дека во наредните години за ова ќе бидат инвестирани повеќе од 500 милијарди долари.
– Со поддршка на странски инвеститори, економската зона ќе има сектори за енергетика, вода, биотехнологија, храна, ИТ, медиуми и забава, се наведува во соопштението, објавено на маргините на тридневната конференција за инвестиции во Ријад.
Саудиска Арабија е најголем светски извозник на нафта, но поради драстичниот пад на нејзината цена во средината на 2014 година, бележи голем буџетски дефицит.