ВИДЕО: Сара Фергусон збесна во Кан и викаше по публиката: „Стоп, замолчете веднаш“

Од:

Сара Фергусон, војвотката од Јорк, сериозно ги налути насобраните гости на големата хуманитарна забава на amfAR, која се одржува секоја година за време на Канскиот филмски фестивал.

Секоја година богатите и славните собираат пари за оваа непрофитна меѓународна организација која ги финансира научниците кои истражуваат ХИВ/СИДА во потрага по нови терапии, лекови и превенција. Тоа е еден од најважните општествени настани за време на најпознатиот филмски фестивал во светот. Оваа година беше 30 јубилејна вечер.

За време на својот говор, Фергустон му се заблагодари на Симон де Пури, познат швајцарски колекционер и дилер на уметнички дела, кој донираше портрет на покојната британска кралица Елизабета Втора, нејзината свекрва, за хуманитарна аукција. Инаку, портретот е продаден за 475.000 долари. Во еден момент, 64-годишната војвотка почна да го спушта микрофонот и да повторува: „Стоп, заќутете, заќутете“.

„Сега треба сите да молчите“, бесно рече Ферги тогаш, јасно изнервирана што многумина од публиката не обрнуваа внимание на она што се случува на сцената. Таа не можеше да поднесе таква грубост. Таа им се обрати на оние кои „веќе размислуваат за следната забава“.

„Тишина! Неверојатниот Симон де Пури заврши одлична работа, ова е извонредно и сакам да им порачам на сите овде заќутете веднаш“, рече Фергусон.

„Видовте ли дека го оставив микрофонот… Заради сите вас што велите „Сакам да одам, каде е следната забава? Што ќе правиме понатаму?“, ја искара бучната толпа: „Што би рекле, зошто сме овде? Која е нашата иднина и зошто не работиме да ја направиме оваа планета подобра за идните генерации“, ја праша таа публиката.

Фергусон, исто така, им се извини на идните генерации за „тоталното уништување на светот“ во кој ќе мора да живеат и им се заблагодари на amFAR за сè што прават.

Во видеото може да се слушне немирната публика, но и голем круг на поддржувачи, како и многу лутата војвотка.

Се чини дека поранешната сопруга на обесчестениот британски принц Ендрју не е единствената на која притисокот и го кренаа познатите гости, кои оваа гала вечер ја користат главно за себепромоција и покажување на луксузните тоалети.

Актерката Деми Мур најавувајќи ја сензационалната Шер беше доста остра.

“Сакам да видам дали ова е моментот кој сите го чекавме. Само сакам да се уверам дека навистина сте со мене”, рече таа.

Таа замолче откако некој од публиката реши да ја исмејува.

„Дали си ти некоја добитничка на Еми“, се пошегува некој, на што Деми одговори: „Не ни еба*но помислив…“

Тој нејзин коментар предизвика громогласен аплауз.

За amFAR годинава на лицитацијата според првите податоци се собрани над 15 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Филмските критичари тврдат: Манекенките и инфлуенсерите го уништија овогодинешниот фестивал во Кан

(ВИДЕО) Нов скандал во Кан: Актерката ја турнаа од црвениот тепих

(ВИДЕО) Скандалозна тепачка на двајца познати рапери во Кан: Ги раздели обезбедувањето

Предраг Петровиќ

Зошто принцезата Дијана заврши во затвор: Сара Фергусон ја откри вистината по 37 години

Предраг Петровиќ

Сунчица Уневска е дел од жирито во Кан за избор на најдобар арапски филм

Жарко Настоски

Во Кан годинава нема фестивал, туку широк избор на филмови што добија лого „Кан 2020“

Ана Ололовска