Јужнокорејската компанија Самсунг во Сингапур денеска го претставои новиот смартфон-камера Галакси К зум.
Станува збор за наследник на Галакси С4 Зум смартфонот што сега има ново има и претставува комбинација на смартфон и „поинт енд шут“ камера.
Галакси К Зум доаѓа со 4,8 инчен Супер АМОЛЕД екран 1280х720 резолуција, како и Андроид 4.4 КитКат оперативен систем.
Главниот адут на Галакси К Зум е камера од 29,7 мегапиксели со ЦМОС сензор и 10х зум објектив со оптички стабилизатор на слика.
Смартфонот има 2 ГБ РАМ меморија и 8 ГБ вградена меморија со поддршка за микроСД картичка, ЛТЕ, Блутут 4.0, ви-фи, НФЦ и батерија од 2.430 мили Ампер часа.