ВИДЕО: Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Австралија ја пречекаа Новата 2020

Од:

Први кои ја пречекаа Новата 2020 година се жителите на Самоа, откако пред осум години ја сменија временската зона. Американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во 2020 година.

По Самоа во новата година влезе и Нов Зеланд, по тешката година, во која беа соочени со голем терористички напад и ерупција на вулкан. Во Новата 2020 година влезе и Австралија, меѓу кои и Сиднеј, каде повторно имаше спектакулараен огномет и покрај петицијата потпишана од повеќе од 280 илјади луѓе против таа атракција.

И жителите на Карабати и на Божиќните острови во Тихиот Океан, исто така ја дочекаа Новата година. Потоа следуваат Јапонија и Кина.

Најголемата новогодишна прослава во Германија ќе се одржи во Берлин, кај Брандербушката капија, а во Париз стравуваат дека штрајкот би можел даја попречи прославата, што обично привлекува неколку милиони луѓе.

Њујорк уште еднаш ќе привлече маса луѓе кои сакаат да бидат сведоци на одбројувањето и традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс Сквер.

Лос Анџелес и Хонолулу исто така се подготвуваат за големите свечености, а Буенос Аирес и Рио де Женеиро од Латинска Америка ќе бидат место за најлудите забави.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар