(ВИДЕО) САД: Прв пат пресаден дишник од матични клетки

Од:

Тим од хирурзи во Америка за првпат во светот направи трансплантација на дишник на двегодишно девојче од Јужна Кореја.

hana-voren-06apfoto-jim-carlson_ff

Лекарите произведоа замена на органот со помош на матични клетки, преземени од коскената срж на детето.

Клетките бргу и се размножија во лабораториските услови и за само недела дена создадоа нов дишник.

Двегодишното девојче Хана Ворен е родена 2010 година во Сеул, без дишник, а целиот свој живот го помина во болница, бидејќи не можеше да се храни без апарат.

Хана е оперирана во северноамериканската држава Илиноис, а хируршката интервенција траела девет часа.

Првите анализи по операцијата покажуваат дека пресадениот дишник нормално функционира и дека девојчето ќе може нормално да живее.

– Оваа чудна операција не само што ќе и го спаси животот, туку и ќе и овозможи да јаде, голта , па дури и да зборува како секое нормално дете – изјави хирургот Паоло Макјарини.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он