Актерката Алиша Милано се пожали дека ја губи косата, откако ја доби битката со Ковид-19.
Таа објави видео како се чешла и покажува како цели прамени коса остануваат на чешелот.
„Сакам да видите што Ковид-19 и прави на вашата коса. Ве молам, сфатете го вирусот сериозно и носете ја проклетата маска“, напиша Милано под видеото на Инстаграм.
Таа на крајот на минатата недела објави дека била заразена со коронавирусот и дека со него се борела речиси четири месеци.
„Мислев дека ќе умрам. Никогаш не сум била вака болна. Имав чувство дека слон ми седи на градите“, појасни актерката.
Низ светот се повеќе луѓе го пријавуваат опаѓањето на косата како една од низата последици кои овој опасен вирус ги предизвикува.